ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Воска Спорт се засили со двајца младински репрезентативци на Македонија

Второлигашот Воска Спорт продолжува со ангажирање на квалитетни засилувања за новата сезона во Втората лига – Запад.

Амбициозниот охридски клуб денес се засили со Бехар Фета и Џемиљ Јахији. Двајцата играчи имаат по 18 години, Фета игра по крилните позиции во нападот, додека Јахији исто така го засилува нападот на Воска Спорт.

Клубот досега ангажираше големи засилувања, а има најави за нови квалитетни засилувања со што Воска Спорт дефинитивно го напаѓа врвот во Втора лига – Запад, а со тоа и историски пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!