ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Воска Спорт се засили со Алтин Лога

Македонскиот второлигаш Воска Спорт го договори првото засилување и потпиша со искусниот играч од средниот ред Алтин Лога.
32-годишникот доаѓа од редовите на Беса од Добри Дол. Лога е играч прволигашко искуство и сигурно е дека ќе биде од голема помош за тимот на Раде Цицмиловиќ кој се бори за историско учество во ПМФЛ.
Покрај за второлигашот Беса, Лога играше и за Фљамуртари и Дуќанџик од Косово, како и за албански Камза, Лачи и Елбасан, а дома ги носеше дресовите на Гостивар, Победа, Струга и Беса.
Амбициозниот второлигаш презимува на второто место на табелата во Втората лига – Запад.