ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Воска Спорт претстави ново големо засилување кое има и меѓународно искуство

Воска Спорт денес го промовираше Берат Исмаил како ново засилување кое пристигна на „Грашица“. Охридскиот второлигаш секојдневно промовира нови засилувања, а последното доаѓа од редовите на Велазерими.

Исмаил е најавеното засилување за кое вчера објави Спортска Мрежа, а денес беше потврдено.

23-годишниот Исмаил има и меѓународно искуство, настапувајќи во турското првенство за екипата на Силваспор, а во својата кариера покрај за кичевски Велазерими има настапувано и за Вардар и Металург.

Воска Спорт дефинитивно прави тим кој ќе биде конкурентен за висок пласман на табелата во Втората лига – Запад која треба да започне на 21 август.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!