Воска Спорт пак од пенал го доби Охрид, победи и за фаворитите Силекс, Вардар и Тетекс

Тетекс со убедливи 0:3 славеше кај Кадино со што „штофарите“ значително се зацврстуваат на четвртото место на табелата. Георг Стојановски и Владимир Жоглев погодија во првиот дел, а пак во вториот дел Емил Скоко ги постави конечните 0:3.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Воска Спорт пак од пенал во финишот го доби градското дерби со Охрид. Во 87. минута од мечот Стојчевски покажа на белата точка за Воска Спорт, одговорноста ја презеде Изаир Емини кој успешно реализираше за минимален (0:1), но голем триумф и нови три бодови.
Вардар се намачи, но славеше кај Велешта со минимали 0:1, а стрелец на побединчкиот погодок беше младиот Ерен Парталко кој обезбеди три многу важни бодови за неговата екипа.
Минимален триумф од 0:1 во Дебар и за лидерот Силекс кој беше подобар од домаќинот Кораби. Антонио Каланоски беше стрелец на погодокот за кратовци кој дома се враќаат со цел „плен“.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247
Локалното дерби меѓу Гостивар и Беса заврши без победник и без погодоци (0:0) со што бодови беа поделени.