ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА
Воска Спорт и Пелистер ремизираа без погодоци

Амбициозниот второлигаш Воска Спорт денес ремизираше играјќи 0:0 на контролен натпревар против битолскиот прволигаш Пелистер. Натпреварот кој е во рамки на подготовките за пролетната полусезона се играше во Охрид.
>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<
Воска Спорт за пролетната полусезона има за цел да обезбеди место кое води во Прва лига и со тоа да направи историско учество во фудбалската елита на Македонија, додека пак Пелистер ќе се бори за опстанок токму во елитата.