ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Воска Спорт и капитенот Изаир Емини ја продолжија соработката

Охридскиот второлигаш Воска Спорт и капитенот Изаир Емини ја продолжија соработката и за следната сезона.

Денес Емини стави потпис на договор од една година со што ќе остане до јуни 2023 во Воска Спорт. 36-годишникот е дел од Воска Спорт од минатата година, кога уште во дебитанската сезона се покажа како еден вистински лдиер, кој со своите голови и асистенциите помогна Воска Спорт да стана вицешампион во Втора лига – Запад и да игра бараж за историски влез во Прва лига, каде охриѓани загубија со 4:1 од прволигашот Тиквеш.

Капитенот Емини минатата сезона настапи на 22 натпревар на кои постигна 15 гола, а исто така имаше и 11 асистенции.

„Со Емини во тимот, Воска Спорт повторно се гледа себеси во горниот дел од табелата во Втората лига, а каде повторно наша цел, ќе биде Првата лига“, велат од клубот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!