ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Воска Спорт ги претстави двајцата нови таленти Мевмедовски и Џемаили

По Ристе Илијовски, второлигашот Воска Спорт потпиша договори со двајца нови играчи кои се очекува да бидат иднината на овој клуб кој силно атакува за историско учество во Првата лига. Станува збор за Муса Мевмедовски, кој доаѓа од Австрија и талентот на Шкупи, Бесарт Џемаили.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<

Џемаили беше промовиран во првиот тим на Шкупи, каде што тренираше под окото на тренерот Гоце Седлоски, но големата конкуренција во овој тим, го натера Џемаили да ја прифати понудата на Воска Спорт, исто како и Мевмедовски, кој доаѓа од вториот тим на СВ Рид од Австрија, а одличните игри му овозможија повик во У-17 и У-19 репрезентацијата на Македонија

Мевмедовски има само 21 година и игра во средината на теренот, а исто така во минатото беше дел на У-16 репрезентацијата на Македонија, како и на Словенија, каде играше со екипите У-16 и У-17.

До вечерва Воска Спорт треба да промовира уште едно засилување.

>>> СПОРТСКА МРЕЖА Е ЕДИНСТВЕНИОТ СПОРТСКИ ПОРТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА КОЈ ЈА РАБОТИ ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ГЛАСАJTE ЗА СПОРТСКА МРЕЖА ЗА НАЈДОБАР СПОРТСКИ САЈТ НА ГОДИНАТА <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!