ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Воска Спорт ги договори контролките за деби сезоната во Втората лига – Запад

Новиот второлигаш Воска Спорт од Охрид за првпат ќе се натпреварува во Втората лига – Запад. Охриѓани квалитетно се засилија и дефинитивно се најактивни на трансфер пазарот, екипата предводена од Раде Цицмиловиќ интензивно се подготвува за деби сезоната во ВМФЛ – Запад, а веќе се договори и контролните натпревари преку кои ќе се „бруса“ формата.

Клубот од „Грашница“ првиот тест ќе го има против новиот второлигаш Братство од Житоше на 22 јули, после следува тест против прволигашот Борец од Велес закажан за 25 јули, додека пак на 31 јули се планира контролка против уште еден прволигаш – Македонија Ѓорче Петров. На 4 август Воска Спорт ќе се тестира со Кораб од Дебар, четири дена подоцна следува тест со Тетекс, за 11 август се планира контролка со градскиот ривал Охрид и на 14 август е планирана „генералката“ против Победа од Прилеп.

Новата сезона во Втората лига – Запад и Исток ќе започне на 21 август (сабота).

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!