ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Воска Спорт денес промовираше уште две нови засилувања

Воска Спорт дефинитивно е најактивниот клуб на трансфер пазарот. Новиот второлигаш од Охрид денес промовираше две нови засилувања.
На „Грашница“ пристигнаа Блерим Мустафа и Џихан Адили во пакет од Шкупи. И двајцата играчи имаат по 19 години. Мустафа покрај за Шкупи има настапувано и за Бешикташ од Чаир, додека Адили во својата кариера има настапувано и за Шкупи и Њу Старс.
Воска Спорт од вчера ги започна подготовките за новата сезона во Втората лига – Запад.