ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Воска со ПЕТ гола го декласираше Кадино, Кораб до големо реми против Тетекс, Вардар сигурен против Охрид

Силекс иако не победи останува непоразен лидер во Втора лига – Запад откако на гостувањето кај Гостивар ремизираше играјќи 2:2. Ланскиот прволигаш прв дојде до водство со гол на Стојан Стојчевски во 18. минута, а во 34. минута Љавдрим Скендери донесе 1:1 на полувреме. На стартот од вториот дел Гостивар преку Агон Елмази дојде до водство од 2:1. Ѓорги Танушев во 12. минута стрелаше за 2:2, а до крајот на натпреварот мрежите мируваа.

Гостивар – Силекс

Кораб не дозволи изненадување и на домашен терен дојде до големи реми (3:3) против Тетекс кој до самиот финиш имаше водство со два гола. Резултатот го отвори Хусеин Демири во 21. минута за водство на гостите од Тетово. Во вториот дел капитенот Нинослав Здравковски зголеми на 0:2 откако ја погоди противничката мрежа во 57. минута. Капитенот на Кораб, Фатјон Леши во 69. минута стрелаше за 2:1. Голеада продолжи откако Ринор Ајдини зголеми на 1:3 во 77. минута. Кога сите мислеа дека Тетекс дома ќе однесе три бодови се случи шок за гостинската екипа. Муча Бљерон во 90. минута погоди за 3:2, а пет минути подоцна во судиското надополнуање младиот Абдулвахит Мурати ја смести топката во мрежата на Петар Митев за конечни 3:3 и многу важен бод во борбата за врвот.

Велешта и Беса ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. Гостите дојдоа први до водство со гол на Шериф Реџепи во судското надополнување на првито дел. Во второто полувреме Стојанчо Велинов стрелаше во 69. минута за конечните 1:1.

Вардар со сигурни 2:0 славеше над Охрид и пополека се приближува кон бараж местото за Прва лига. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб до триумфот дојде со погодоците на капитенот Дејан Блажевски во 15. минута и Дарко Грозданоски во 75. минута.

Вардар – Охрид

Кадино немаше сили да му парира на фаворитот Воска Спорт кој со убедливи 5:0 славеше на домашен терен во Охрид. Капитенот Изаир Емини во 15. минута го отвори резултатот за водство на охриѓани. Во 30. минута гостинот остана со играч помалку откако Кристијан Ристовски поради група игра заработи црвен картон и беше исклучен од игра. Во 50. минута Игор Пановски донесе водство од 2:0, а веќе во 57. минута младиот Бехар Фета зголеми на 3:0. По четири минути игра Елмир Алији стрелаше за 4:0, а во 64. минута Дамјан Серафимов капитулираше по петти пат, откако Фета стрелаше по втор пат.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!