ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Воска пресилна за Сатеска, голема победа на Македонија Враништа над Влазними, Црно Буки во финишот се спаси од пораз кај Лирија

Денес беа одиграни натпреварите од 17. коло од Третата лига – Југозапад.

Лирија 1:1 Црно Буки

Екипата на Лирија на домашен терен одигра 1:1 со фаворитот Црно Буки. Резултатот беше отворен во 83. минута со гол а Најдовски Васко за водство на домашната екипа од 1:0. Во судиското надополнување Кочишки Димитар постигна гол за конечни 1:1 и поделба на бодовите.

Кравари 3:1 Стрела

Фаворитот Кравари сосема очекувано стигна до нова победа откако на домашен терен беше подобра од „фенерџијата“ Стрела со 3:1. Гостинот од Могила дојде прв до водство во 40. минута со гол на Мијак Леонид. Во вториот дел Кравари преку Грујовски Антонио израмни на 1:1 во 54. минута, а девет минути подоцна Јанакиевски Владе донесе водство од 2:1. Во финишот од натпреварот Јанакиевски со втор гол ги постави конечните 3:1.

Победа Ивањевци 1:3 Октиси

Октиси на гостувањето во Ивањевци со 1:3 беше далеку подобар од домаќинот Победа. Гостинската екипа прва стигна до водство со гол на Врнези Ермир во 21. минута. Пред крајот на првиот дел Иса Јувал донесе израмнување на полувреме. На стартот на вториот дел Луфи Линдиан донесе водство ново водство за Октиси. Во 86. минута Врнези со втор гол ги постави конечните 1:3.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Македонија Враништа 3:2 Влазними

Екипата на Македонија Враништа на домашен терен оствари голема победа над фаворитот Влазними со 3:2. Домашната екипа стигна до рано водство во 6. минута со гол на Затуроски Александар, но радоста траеше само три минути, гостите преку Полиси Ардин израмнија на 1:1. Во 30. минута од натпреварот во Враништа домаќинот со гол на Милески Марјан стигна до ново водство од 2:1. Во вториот дел Влазними стигна до второ израмнување со гол на Шаќири Абил во 55. минута. Десет минути подоцна Затуроски со втор гол ги постави конечните 3:2.

Воска 7:1 Сатеска

Лидерот Воска стигна до уште една убедлива победа, овој пат со 7:1 го декласираше составот на Сатеска. Резултатот беше отворен во 13. минута со гол на Мерко Меритон, а пет минути подоцна Доко Насер го дуплираше водството, а во 17. минута Арслани Ермонд донесе водство од убедливи 3:0. Мерко со втор гол во 25. минута донесе водство од 4:0 на полувреме. Во вториот дел Воска продолжи со доминацијата, во 70. минута Мерко стигна до хет-трик, а неговата екипа стигна до 5:0. Во 76. минута судијата Ѓорѓиески покажа на белата точка за гостинската екипа, одговорноста ја презеде Бимбилоски Боге кој реализираше успешно за 5:1. Во 82. минута Арслани со нов гол зголеми на 6:1, а четири минути подоцна Доко повторно стрелаше за конечните 7:1.

Караорман 9:0 Дебарца (ВИДИ ИЗВЕШТАЈ)

Новаци – Белица (натпреварот не е одигран)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!