Воска ја среди Лирија и стана есенски шампион, Македонија Враништа славеше над Стрела

Спуштена завесата на есенскиот дел од Третата лига – Југозапад, денес беше комплетирано 11. коло. Воска од Охрид ја среди Лирија со 1:3 и стана есенски шампион. Охриѓани одиграа фантастичен натпревар и без многу мака дојдоа до деветата сезонска победа. Резултатот го отворија домаќините во 3. минута преку Васко Најдовски, но нивната радост траеше две минути бидејќи младиот Насер Доко погоди за 1:1. Гостите од Охрид веќе во 21. минута имаа предност од 1:2, а стрелец беше повторно Доко. Во вториот дел Николче Стојковски постигна гол за конечни 1:3.
Окитиси дојде до тешка гостинска победа, откако со 2:3 славеше над Фламуртари во Тефериќ и ја запиша петата сезонска победа.
Македонија Враништа и се врати на победите откако во Могила со 1:3 беше далеку подобар противник од домаќинот Стрела. Гостите од Враништа први дојдоа до водство, откако младиот Валентин Јаневски си даде автогол во 15. минута. По десет минути игра Неделковски постигна гол за 1:1, но мотивираната екипа на Македонија Враништа правеше притисок за нов гол и истиот падна во 32. минута, а успешно стрелаше Христијан Затуроски. Во вториот дел падна гол во судиското продолжение, а стрелец на конелните 1:3 беше Илија Бушески.
Кравари на домашен терен дојде до победа над Победа од Ивањевци со 2:0, додека Сатеска од Волино на гостување во Враништа славеше со минимални 0:1 над Белица.
Караорман го доби дербито со Преспа, откако на домашниот терен во Струга славеше со 2:0. Двоен стрелец на мечот беше Ивица Ќелешоски кој стрелаше во 56. и 75. минута.
Интересен меч се одигра во Мороишта каде паднаа дури девет гола. Домаќинот Дебарца со 5:4 славеше над Влазними.
Вчера екипата на Новаци славеше над Црно Буки со 2:1.
Воска е есенски шампион во Третата лига – Југозапад со 29 освоени бодови, еден помалку има второпласираниот Караорман, што ќе понуди атрактивна пролет за место во Втората лига меѓу овие две екипи. На дното останува Страле со 4 освоени бодови.
ТМФЛ Југозапад – Табела
Поз | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | ![]() | 20 | 18 | 2 | 0 | 69 | 25 | +44 | 56 |
2 | ![]() | 19 | 13 | 4 | 2 | 46 | 13 | +33 | 43 |
3 | ![]() | 19 | 11 | 4 | 4 | 46 | 23 | +23 | 37 |
4 | ![]() | 20 | 11 | 1 | 8 | 45 | 24 | +21 | 34 |
5 | ![]() | 20 | 10 | 2 | 8 | 54 | 46 | +8 | 32 |
6 | ![]() | 19 | 10 | 2 | 7 | 43 | 35 | +8 | 32 |
7 | ![]() | 19 | 10 | 1 | 8 | 41 | 26 | +15 | 31 |
8 | ![]() | 20 | 10 | 0 | 10 | 36 | 38 | -2 | 30 |
9 | ![]() | 20 | 7 | 6 | 7 | 30 | 31 | -1 | 27 |
10 | ![]() | 20 | 7 | 6 | 7 | 34 | 39 | -5 | 27 |
11 | ![]() | 20 | 6 | 5 | 9 | 38 | 31 | +7 | 23 |
12 | ![]() | 20 | 7 | 2 | 11 | 28 | 53 | -25 | 23 |
13 | ![]() | 20 | 4 | 5 | 1 | 40 | 56 | -16 | 17 |
14 | ![]() | 19 | 4 | 1 | 14 | 26 | 64 | -38 | 13 |
15 | ![]() | 15 | 3 | 1 | 11 | 15 | 33 | -18 | 10 |
16 | ![]() | 20 | 2 | 2 | 16 | 24 | 78 | -54 | 8 |