ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Воска ја доби Стрела во меч со 10 гола, Црно Буки и Лирија се „распукаа“ за убедливи победи

Денес беше комплетирано 12. коло од Третата лига – Југозапад со одигрување на останатите седум натпревари.

Црно Буки со убедлива победа од 5:0 над Октиси ја стартуваше пролетната полусезона. Резултатот беше отворен во 12. минута, откако Крклински Христијан постигна гол од пенал. Пет минути подоцна Даралиовски Оливер зголеми на 2:0. Одличната игра на домаќините продолжи и веќе во 26. минута со гол на Николоски Димитар резултатот беше 3:0. Во вториот дел Црно Буки постигна уште два гола. Во 48. минута преку Велјановски Александар за 4:0 и во 55. минута преку младиот Огненовски Александар за конечни 5:0.

Македонија Враништа ремизираше на домашен терен со Дебарца играјќи 1:1. Резултатот беше отворен пред крајот на првиот дел, откако Ристески си постигна автогол. Во вториот дел гостите правеа притисок за брзо израмнување кое се случи во 56. минута со гол на Бунчески Јованчо.

Лидерот Воска на домашен терен во Охрид си 6:4 беше подобар од „фенерџијата“ Стрела од Могила. Домаќинот дојде до рано водство, откако во 3. минута Јованоски погоди за 1:0. Во 20. минута со гол на Пекоски резултатот беше 2:0. Во 38. минута Петкоски повторно погоди за 3:0, а пет минути подоцна Пекоски со нов гол постигна хет-трик за 4:0. На стартот од вториот дел Стрела намали на 4:1 со гол на Талевски. Во 52. минута Арслани зголеми на 5:1. Во 60. минута Стрела преку Талевски намали на 5:2, а пет минути подоцна Воска со гол на младито Петкоски го зголеми водството на 6:2. До крајот на натпреварот гостите постигнаа уште два гола. Во 68. минута Талевски Филип постигна гол за 6:3, а во 89. минута Талевски Сашо за 6:4.

Влазними запиша победа на домашен терен над Белица пд 2:1. Гостите со гол на Шадов во 12. минута поведоа со 0:1. Пред крајот на првиот дел од натпреварот Влазними израмни на 1:1 со гол на Шаќири. Во вториот дел мотив за победа и три бодови имаше и кај двете екипи. Во 89. минута беше досуден пенал за домаќинот, а Волчески успешно реализираше за 2:1 и победа за домаќините.

Лирија се „распука“ и со 0:7 ја декласираше Победа од Ивањевци на гостински терен. Резутатот беше отворен во 43. минута со гол на Настевски Тони. Во вториот дел беа постигнати дури шест гола. Во 48. минута Најдовски Васко погоди за 0:2, десет минути подоцна Поповски Дарко за 0:3. Во 65. минута Сакоја Вехби постигна гол за 0:4, пет минути подоцна Поповски Дарко постигна втор гол за 0:5. Наумовски Христијан постигна гол за 0:6, а конечните 0:7 ги постави Боревски Матеј.

Сатеска натпреварот со Фламуртари го доби со службени 3:0.

Преспа на домашен терен со 2:0 го доби дуелот со Кравари. Првиот гол падна во 28. минута, стрелец на истиот беше Кранли Емир. Во вториот дел, во 75. минута истиот играч постигна втор гол за конечни 2:0.

Вчера беше одигран натпреварот меѓу Новаци и Караорман, кој заврши со резултат од 1:1. Стрелец на голот за Новаци беше Јовановски Стефан, додека за Караорман погоди Далчески Климе.

Лидер на табелата во Третата лига – Југозапад е екипата на Воска од Охрид со 32 освоени бодови, додека на второто место е Караорман со 29 бодови. Третопласирана екипа е Црно Буки со 24 бодови.

Целата табела од Третата лига – Југозапад можете да ја погледнете ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!