ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Воска и Вардар на дерби во Струга, Силекс против Тетекс за враќање во Прва лига

Сезоната во Втората македонска фудбалска лига е пред самиот финиш, а на три кола до крајот ќе има интереси дерби пресметки на Западот за опстанок и за влез во Прва лига.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Силекс е сигурен на врвот и е пред директно враќање во Прва лига, а денес во Кратово ќе се соочи со Тетекс од Тетово. Силекс е единствениот второлигаш кој нема претрпено пораз, а со триумф или реми против Тетекс кој е во резултатска криза ќе го потврди директното враќање во Прва лига на две кола пред крајот од сезоната.

Воска и Вардар во Струга ќе играат дерби пресметка за бараж во Прва лига. Охриѓани се во пол-позиција и имаат шест бодови повеќе во однос на „вардарци“, а со триумф Воска ќе се осигури на второто место и ќе игра бараж за историско учество во Прва лига. Од друга страна, Вардар со триумф ќе ја преполови бодовната разлика во однос на Воска и ќе чека кикс во последните две кола на охриѓани, но ќе мора да ја надополни и гол-разликата, нешто што ќе биде навистина тешка задача за најтрофејниот македонски фудбалски клуб на патот кон баражот за Прва лига на три кола до крајот.

Беса е пред речиси сигурен опстанок, а со триумф над отпаднатата Велешта екипата од Добри Дол ќе го потврди второлигашкиот статус за следната сезона.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Охрид денес игра многу важен меч за опстанок против отпаднатиот Кадино. Охриѓани немаат право на грешка против последнопласираната екипа на табелата во Западот, но покрај триумф ќе треба да се надеваат на кикс на Кораби на домашен терен против Гостивар што нема да биде така лесно, бидејќи и второлигашот од Дебар се бори за опстанок. Охрид или Кораби на три кола до крајот само една екипа ќе има можност да се се спаси.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!