ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Воска и Караорман во пролетен атак за Втора лига, три екипи од Трета лига – Југозапад во обидат за изненадување!

Воска Спорт од Охрид е есенскиот шампион во Третата лига – Југозапад. Охриѓани во есенскиот дел останаа единствени непоразени и со 29 бодови презимуваат на врвот. Најблиску до нив е струшки Караорман кој заврши на второто место со еден бод помалку, токму тоа и ќе понуди атрактивна пролет и голема борба на овие две екипи за првата позиција и Втора лига – Запад.

Три екипи имаат шанси да направат изненадување. Новаци е трет со 22 бодови, екипата во пролетниот дел ќе се обиде да дојде до првото место и остварување на амбицијата – влез во Втора лига – Запад. Шанси има и Кравари кои заврши на четвртото место со ист број на бодови како и Новаци.

Црно Буки одигра фантастична есен и со 21 бод екипата презимува на петтото место и ќе се обиде да им ги помрси сметките на двата фаворити Воска и Караорман и да направи изненадување.

Од Трета лига – Југозапад испаѓаат три екипи, па во пролетниот дел ќе има аткративни натпревари и од долниот дел на табелата во обид за опстанок. Стрела е последна со 4 бодови, Лирија е претпоследна со 6 бодови, а бод повеќе има Победа од Ивањевци која е на 14. место и која разочара во есенскиот дел.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!