ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Волково со голема победа над Риниа

Фудбалерите на Волково стигнаа до трета сезонска радост откако на домашен терен со 2:1 славеа над фаворитот Риниа во воведниот натпревар од 20. коло од Третата лига – Север и ја продолжуваат тешката борба за опстанок.

Гостинската екипа со гол на Даути Орхан во 40. минута стигнаа први до водство од 0:1 резултат со кој се замина на полувреме. На стартот од вториот дел Волково израмни на 1:1 откако Брњарчевски Тони во 49. минута ја погоди противничката мрежа. Мотивот за трите бодови кај домашната екипа беше голем. Во 79. минута Ковачи по втор пат капитуливара, а Змејкоски Мартин погоди за конечни 2:1.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Во однос на табелата Волково останува и понатаму во опасната зона со 11 освоени бодови и ја продолжува тешката битка за да го задржи третолигашкиот статус. Риниа со 27 бодови е на осмото место.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!