ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Волково ја среди ССК Нова за прва победа, Беса-Влазрими со ПЕТ гола ја уништи Риниа

„Фенерџијата“ Волково е најголемото пријатно изненадување во 8. коло од Третата лига – Север, откако на домашен терен со 4:0 ја декласираше ССК Нова за прва сезонска радост.

Студена Вода ја оправда фаворитската улога во дуелот со Речица, откако со 3:5 запиша нова убедлива победа и продолжува да го следи чекорот на лидерот Беса-Влазрими.

Маџари Солидарност запиша минимална победа од 1:0 над Башкими. Погодокот беше постигнат уште на почетокот од првиот дел на натпреварот и до крајот мрежите мируваа.

Лидерот Беса-Влазрими одигра повторно одличен натпревар и на домашен терен со 5:0 ја уништи очајната Риниа, која немаше сили ниту за еден погодок.

Дуелот меѓу Илинден и Раштак заврши без победник со резултат од 2:2.

Вчера беа одиграни три натпревари. Фортуна со 11:1 го разби Аеродром, Њу Старс со 6:1 славеше над Петровец, Локомотива Бентоекспорт со 1:0 славеше во дуелот со Њу Јорк.

Беса-Влазрими со 21 бод е лидер на табелата во ТМФЛ – Север, два помалку има Студена Вода која е трета. На делба на третото место се екипите на Фортуна и Маџари со по 18 бодови. На долниот дел се екипите на Речица и Волково со по 3 бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!