ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Во Трета лига – Исток паднале 377 погодоци, Детонит и Хоризонт Турново доминираат

Доколку Третата лига не продолжи тогаш радовишки Детонит како првопласиран од Трета лига – Исток ќе се врати во Втората лига – Исток. Во случај на продолжување на првенството тогаш Хоризонт Турново и Детонит ќе водат борба за првото место бидејќи бодовната разлика меѓу нив е четири, а ќе треба и да одиграт меѓусебна дерби пресметка на „Кукуш“.

Двете екипи дефинитивно се најдобри во Третата лига – Исток. Радовишани го имаат најефикасниот напад и најдобрата одбрана, постигнале 47 погодоци, а примиле само девет, додека Турновци имаат постигнато 46 погодици, а примиле 13.

Статистика за Трета лига – Исток:

Во досегашниот тек од сезоната во ТМФЛ – Исток се одиграни вкупно 96 натпревари и постигнати се 377 погодоци или во просек по 3.93 погодоци по натпревар.

Најголема победа на домашен терен:

  • Детонит Јуниор 11:0 Спартмани

Најголема победа на гостински терен:

  • Спартмани 0:8 Хоризонт Турново

Натпревар со најмногу голови:

  • Детонит Јуниор 11:0 Спартмани

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!