Одбојка

Во Струмица се игра дерби од клупската одбојка, Џио домаќин на Универзитет во Тетово

Знаејќи дека три екипи се амбицирани да играат за првенствениот трофеј сезонава, а тоа важи и за купот, во пролетниот дел во македонскиот машки одбојкарски шампионат не би требало да има коло без дерби.

Откако на почетокот на главната фаза во Првата лига, таканаречената Втора фаза-1, Вардар му се реваншираше на Универзитет во Тетово за поразот на домашен терен во првиот меѓусебен дуел, Џио Струмица направи разлика од две победи во однос на конкурентите за врвот.

Оттука, последниот освојувач на двојната круна кај нас во пролетниот сегмент од натпреварите во елитната конкуренција ќе влезе со желба на почетокот да добие уште едно дерби, да го задржи максималниот биланс, а со тоа да направи безбедна предност во продолжението на првенството коешто ќе содржи уште 11 рунди пред разигрувањето, сметајќи ја и претстојната.

Поврзани Наслови

Џио Струмица ќе ужива во предноста на домешен терен против Универзитет во Тетово кој од претходното гостување во салата „Парк“ замина со брз пораз.

Сепак, сега тетовци ќе имаат на располагање тројца одбојкари коишто претходно го носеа дресот на Вардар, па со искусниот коректор Јовица Симовски, со новиот техничар Давид Стојанов и со перспективниот центар Тино Шулајковски, Универзитет ќе се обиде да му го нанесе првиот пораз сезонава на составот на Џио Струмица, а со тоа да се доближи на победа до ривалот.

Дербито е избор за пренос на Македонската радиотелевизија која и во оваа лигашка етапа ќе биде со македонската одбојка секој понеделник.

Дербито во Струмица, исто така, ќе може да се следи во ЖИВО и на Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!