ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Во среда прво вонредно коло од Првата лига

Во среда се игра првото вонредно коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Сите шест натпревари од 3. коло ќе стартуваат во ист термин односно од 17:00 часот, натпревар во вечерен термин ќе нема, бидејќи Академија Пандев ќе игра на гостински терен.

Во однос на натпревари, Работнички на домашен терен ќе ја пречека Струга Трим Лум, додека пак Тиквеш ќе игра против Академија Пандев и ќе се обиде да ја реализира првата победа по 17 години откако се врати во ПМФЛ. Скопско дерби ќе се игра во Ѓорче меѓу Македонија ЃП и повратникот Скопје, Ренова ќе биде домаќи на Борец, а Шкендија ќе биде пред сериозен тест на Градскио стадион во Штип каде ќе ги одмери силите со повратникот Брегалница. Пелистер во новата сезона во среда за првпат ќе игра на домашен терен и ќе се обиде да ја запиша првата победа против Шкупи.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!