Европски ФудбалФудбал

Во ноември ќе полни 40 години: Бруно Алвес потпиша за португалски прволигаш

Португалскиот фудбалер и поранешен репрезентативец Бруно Алвес, иако во ноември ќе наполни 40 години, не размислува за крај на кариерата. Алвес својата кариера ќе ја продолжи во тимот на португалскиот прволигаш Фамаликао, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Во соопштението на португалскиот клуб, кој минатата сезона заврши деветти на табелата, се вели дека Алвес потпишал двегодишен договор.

Дефанзивецот беше емотивен на церемонијата на потпишување, потсетувајќи дека неговиот татко, Вашингтон Хералдо Дијас Алвес, исто така играше за истиот клуб во сезоната 1984-1985.

„Одлично е да се претставува клубот во кој играше татко ми. Знам дека луѓето тука ми веруваат“, рече Алвес.

Алвес ја започна својата професионална кариера во Порто, а потоа играше за Зенит Санкт Петербург, Фенербахче, Калиагри, Ренџерс, Парма. 11 години го носеше дресот на националниот тим, за кој запиша 96 натпревари и постигна 11 погодоци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!