ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Во недела по 22-ри пат по ред ќе се одржи Традиционалниот Меморијален фудбалски турнир “Вуко Каров” и “Тиквешките Легенди”

По успешното отварање на новата фудбалска сезона во Првата македонска фудбалска лига и оваа година по 22-ри пат по ред ќе се одржи Традиционалниот Меморијален фудбалски турнир “Вуко Каров” и “Тиквешките Легенди”.
Овогодинешното издание на турнирот ќе се одржи на ден 25.09.2022 (недела).
Гости на турнирот ќе бидат екипите на Пелистер од Битола и Победа од Прилеп.
“За подетални информации околу почетокот и програмата за турнирот ќе бидете благовремено известени”, велат од кавадаречкиот прволигаш Тиквеш.