Европски ФудбалФудбал

Во Барселона владее паника: Лионел Меси за три дена станува слободен играч ?

Сè уште е неизвесно што ќе се случи со Лионел Меси, кој може да стане слободен агент за три дена.

Шпанска „Марка“ денес објави статија во која се наведува дека договорот на ѕвездата на Барселона со клубот истекува во среда на полноќ и дека владее паника во канцелариите на каталонскиот клуб.

„Ако нешто не се промени, Меси ќе стане слободен играч на 30 јуни на полноќ, што никој не го посакува на „Камп Ноу““, пишува Марка и додава:

„Жоан Лапорта работи дење и ноќе да го задржи Меси со цел ни секунда да не остане како слободен играч. Преговорите траат многу долго и наводно се во завршна фаза, но капитенот и понатаму држи сè на игли затоа што сè уште не одлучил целосно.“

Претседателот на Барселона наводно очекувал договорот да биде продолжен на 24 јуни, но тоа не се случи. Доколку Аргентинецот потпише нов договор со Каталонците, тоа ќе биде на две години.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!