ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВМФЛ – Запад: Вардар како второлигаш стартува против Кораби, Силекс против Кадино

Денес беше извлечена ждрепката за новата сезона од Втората лига – Запад. Најтрофениот македонски клуб Вардар новата сезона како второлигаш ќе ја стартува против екипата на Кораби на гостувањето во Дебар.

Силекс кој исто така новата сезона ќе ја стартува како второлигаш, откако во баражот загуби и испадна од елитата, новата сезона ќе ја стартува против Кадино, додека пак тетовски Тетекс го очекува дуел против Велешта.

Гостивар на домашен терен ќе го пречека новиот второлигаш Воска Спорт, додека пак Охрид ќе ги одмери силите против исто така новиот второлигаш Беса Добри Дол.

Новата сезона во Втората лига – Запад ќе стартува на 25. август.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!