ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВМФЛ-Исток: Победа гостува во Гевгелија, Кит Го и Детонит со нови тренери на дуел во Штип

По само едно одиграно коло во Втората лига – Исток дојде до смена на двајца тренери. Емил Грнев и Кит Го взаемно ја прекинаа соработката, а за нов тренер беше назначен Трајче Сенев. Втора тренерска смена има во Детонит, каде Аце Стојанов поради семејни причини го напушти тренерската позиција, а на истата експресно беше назначен Илија Сасански. Токму овие две екипи денес и ќе ги одмерат силите на „женскиот“ терен во Штип. Во првото коло Кит Го го загуби дербито со Победа во Прилеп (2:1), додека пак Детонит во натпревар со три црвени картони загуби од фаворитот Беласица (0:2).

Братство Житоше како домаќин на „Могила“ ќе има тешка задача против фаворитот Беласица. Струмичките фудбалери важат за први фаворити за враќање кон елитата, а денешното гостување кај Братство ќе биде „незгодно“ за струмичката гордост.

Каменица Саса ќе важи за апсолутен фаворит против нојвалијата Локомотива од Градско. „Рударите“ во првото коло го декласираа Осогово среде Кочани со високи 1:4, па денес имаат силен мотив да ја „нанижат“ и втората победа во новата сезона и со тоа да останат на врвот на табелата во Истокот. Локомотива во првото коло на домашен терен загуби со 0:2 од Кожуф, а денес избраниците на Тодоровски ќе имаат нова шанса за докажува против искусен второлигаш.

Вториот фаворит за враќање во Првата лига Победа, ќе гостува во Кожуф каде ќе се соочи со екипата на Кожуф. Прилепчани во воведното коло на „Гоце Делчев“ во Прилеп, пред околу 3.000 гледачи со пресврт стигнаа до победа во дербито против Кит Го од Пехчево и со триумф ја стартуваа „мисијата“ за враќање во Првата македонска фудбалска лига. Кожуф во првото коло без никакви проблеми славеше во Градско над Локомотива со сигурни 0:2, па тоа е мотив плус на домашен терен да се продолжи со позитивната серија резултати.

Осогово денес ќе биде пред сериозен испит во Виница против одличната Слога. „Жетварите“ во првото коло буквално беа декласирани од Саса со високи 1:4 на домашен терен, а денес ќе имаат нов предизвик против Слога која ја продолжи одличната форма од минатата сезона, откако во воведното коло славеше со минимални 1:0 над Братство од Житоше.

Натпреварите стартуваат во 16:00 часот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПРЕД СТАРТОТ НА 2. КОЛО

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!