ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВМФЛ – Исток: Беласица отвара против Детонит, дерби меѓу Победа и Кит Го

Денес во просториите беше извршена ждрепката за новата сезона од Втората лига – Исток. По Втора лига – Запад, и Исток го доби распоредот за новата сезона, а со тоа и паровите за првото коло.

Беласица новата сезона како второлигаш ја стартува со гостување во Радовиш против повратникот Детонит, првото коло ќе донесе и дерби меѓу двата фаворити за Прва лига Победа и Кит Го на Градскиот стадион во Прилеп. Новајлијата Локомотива на домашен терен во Градско ќе го пречека Кожуф, додека пак во Кочани ќе гледаме дерби меѓу ривалите Осогово и Каменица Саса.

Слога на домашен терен во Виница ќе го пречека новиот второлигаш Братство од Житоше.

Првото коло се игра во среда на 25. август со почеток од 16:00 часот.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!