Влазними Јуниор со убедлива победа на контролката со Бучин, клубот цели кон влез во Трета лига – Југ

Четвртолигашот Влазними Јуниор дојде до убедлива победа на контролниот натпревар против четвртолигашот Бучин со резултат од 5:1, со што Влазними покажува квалитет и најава за голема борба за влез во Третата лига – Југ.
„По контролниот натпревар на гостински терен со убедлива победа против Бучин, со резултат 5:1, Влазними Јуниор покажа дека може да стигне до врвот на табелата и влез во Третата лига – Југ. Верувам во мојата екипа и сум сигурен дека со овој состав ќе успееме да ги надмине сите екипи и да се освои првото место на табелата во ОФЛ – Припеп“, ни изјави тренерот на Влазними Јуниор, Шефкет Фезулај и додава:
„На 14. март почнува пролетната полусезона и веднаш дерби натпревар на домашен терен против Кадица, каде и очекувам реванш или голема победа за да се „одмаздиме“ за есенскиот пораз. После долг временски период клубот на Влазними е составен со квалитетните играчи кои играа по други клубови во Втора и Трета лига. Со нетрпение и големи амбиции се очекува викендот во с. Пресил, каде навивачите ќе се радуваат на домашен терен и ќе даваат голема спортска поддршка за играчите во борбата за влез во Трета лига – Југ“, завршува Фезулај.