ФудбалФудбал - Четврта Лига

Влазними Јуниор подобар на контролката против Канатралци (ФОТО)

Четвртолигашите Влазними Јуниор и Канатралци одиграа контролен натпревар на теренот со вештачка трева во Прилеп, кој заврши со минимална победа од 1:0 за Влазними Јуниор.

Амбициозниот четвртолигаш атакува на прво место во Општинската фудбалска лига во Прилеп и влез во Третата лига – Југ.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Мерсин Мемедоски.

Влазними Јуниор пролетниот дел од сезоната ќе го стартува на домашен терен против Кадица.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!