Влазними Јуниор го санира теренот и активираше поискусни фудбалери со надеж за прво место и влез во Трета лига – Југ (ФОТО)

Четвртолигашот Влазними Јуниор продолжува со подготовките за пролетната полусезона од Општинската фудбалска лига во Прилеп. Клубот после убедливиот пораз на контролниот натпревар од амбициозниот третолигаш Братство 07 активираше неколку од поискусните играчи кои ќе треба да помагаат во битката за прво место и влез во Третата лига – Југ.
„Влазними Јуниор почна да ги активира поискусните играчи, a не само младите, со надеж дека ќе постигнеме резултатот кој ќе го задоволи клубот и навивачите“, ни изјави тренерот Шефкет Фезулаху.

Клубот го подготвува и теренот со цел натпреварите да ги игра на домашен терен. За таа цел раководството на клубот, со помош на жителите на село Пресил, го заградува фудбалскиот терен кој претходно не беше одобрен од страна на ФФМ за одигрување на официјални натпревари.