Влазними до голем бод против фаворитот Кадица, Мукос запиша победа над Вардар од Долнени

Викендот се одиграа натпреварите од 8. коло од Општинската фудбалска лига во Прилеп.
Влазними Јуниор којшто во пролетниот дел влезе значително засилен со амбиции за прво место и влез во Трета лига – Југ, на домашен терен одигра 2:2 со лидерот и фаворит Кадица и дојде до голем бод. Резултатот беше отворен во 26. минута со гол на Базерокоски Горан и на полувреме се замина со 0:1. На стартот од вториот дел домаќинот започна добро и во 54. минута преку Шабаноски Денис израмни на 1:1. Во 79. минута Трајкоски Валентин погоди за ново водство на лидерот од 1:2. Пред крајот на натпреварот нововлезениот Фејзулоски Џемил погоди за конечни 2:2 и голем бод за домаќинот.
Мукос на домашен ерен запиша голема победа над Вардар од Долнени со резултат од 2:1. Домаќинот прв дојде до водство во 20. минута со гол на Танески Дејан, а само една минута подоцна Павлески Мартин погоди за 2:0, резултато со кој се замина на полувреме. Во вториот дел гостинот од Долнени намали на 2:1 со гол на Китаноски Михаил во 56. минута. До крајот на натпреварот мрежи мируваа и резултатот не се промени.
Кадица останува и понатаму лидер на табелата во ОФЛ Прилеп со 14 бодови, на делба на второто место се Канатларци и Слога со по 12 бодови. Влазними Јуниор и Мукос ја делат четвртата позиција со осум бодови. Вардар од Долнени со седум бодови е на шесттото место на табелата, Ларин е последен со два бодови, но екипата се откажа од натпреварувањето.