Турнири
„Влатко Петров 2022“: Започнува четвртфиналната борба, утре два супер-возбудливи натпревари!

Утре започнува четвртфиналната борба на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“, кој се игра во штипска Чардаклија.

Со почеток од утре 18:50 ќе стартува првиот четвртфинален натпревар помеѓу екипите на Гостилница кај Џек и Матива, додека пак во вториот меч кој е закажан во 19:40 ќе се соочат Колегите на Влатко против Драгеви ДООЕЛ.
Во 20:30 часот на програмата е предвиден ревијален натпревар.
- Графички приказ на елиминационите натпревари:

- 29.07.2022 Петок 1/4 Финале:
18:50 Адрија Комерц – СВР Штип
19:40 Алфачан Елс – КПД Штип
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“!