„Влатко Петров 2022“: Реми со 12 погодоци, победи за Застава Компани и Колегите на Влатко

Алфачан ЕЛС и СВР Штип синоќа приредиа гол-шоу на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“, откако во првиот меч од осмиот ден на турнирот ремизираа со 12 погодоци (6:6).
За Алфачан ЕЛС двојни стрелци беа Дарко Ранготов, Александар Михајлов, а по еден гол постигнаа Дејан Сефановски и Игор Леовски, додека пак за СВР Штип хет-трик постигна Марио АТанасовски, а по еден гол постигнаа Антонио Стојчев, Игор Шаклев и Константин Шоров.

Во вториот меч екипата на Застава Компани со погодокот на Ристе Марков славеше со минимални 1:0 над Ел Пасо.
Во третиот меч Фаланга Штип доживеа дебакл од Колегите на Влатко со резултат од 1:6. За Фаланга Штип единствен стрелец беше Драан Рогожаров, а пак за победничката екипа хет-трик постигна Мартин Трајчевски, додека пак Давид Влековски, Доне Јанев и Јоце Трајчев постигнаа по еден гол.
- Распоред за вечерва (недела – 24. јули):
19:00 Драгеви ДООЕЛ – Гостилница кај Џек
19:50 Профи Арт Дизајн – Партизани
20:40 Ел Пасо – СВР Штип
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“!