„Влатко Петров 2022“: Гостилница кај Џек со 12 голови го понижи Партизани

Синоќа наместо два натпревари беше одигран само еден натпревар на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“ во штипска Чардаклија.
Првиот меч меѓу Гостилница кај Џек и Профи Арт Дизајн не се одигра, бидејќи екипата на Профи Арт Дизајн не се појави на теренот, па Гостилница кај Џек мечот го добива со службени 3:0.
Во вториот меч кој започна во 19:50 часот Гостилница кај Џек без милост со неверојатни 12:1 ја понижи и прегази екипата на Партизани, која беше далеку од достоен противник за рамноправен натпревар.
Марио Благоевски ја искина мрежата на противникот со пет5 погодоци, Марио Антевски постигна четири погодоци, а во листата на стрелци со по еден гол се запишаа искусниот репрезентативец Зоран Левеск, Мирко Соколов и Валентин Трајковски.
За Партизани единствен стрелец беше Станислав Трајчев.
- Денес на програмата се 4 натпревари:
19:00 Адрија Комерц – Лорд
19:50 Лорд – КПД Штип
20:40 Матива – Винска куќа Радање
21:30 Чардаклија – Адрија Комерц
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“!