Турнири

„Влатко Петров 2022“: Гостилница кај Џек против Алфакан Лидер ЕЛС во големото финале, Адрија Комерц и Драгеви ДООЕЛ за трето место

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“ кој се игра во штипска Чардаклија доаѓа пред самиот крај. Утре е последен ден од турнирот, а на програмата се последните два натпревари, битката за трето место и големото финале.

Текстот го овозможи Revolution Development – софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Откако во полуфиналето Гостилница кај Џек и Адрија Комерц одиграа 0:0 во регуларниот дел во пенал рулетот екипата на Гостилница кај Џек беше подобра и обезбеди „виза“ за големото финале.

До финале екипата на Алфакан Лидер ЕЛС стигна откако во полуфиналето со погодици на АЛександар Михајлов и Дејан Стефановски беше подобар противник од Драгеви ДООЕЛ со 0:2.

Утре со почеток од 09:00 часот Адрија Комерц и Драгеви ДООЕЛ ќе ги одмерат силите во меч за третото место, додека пак во 09:50 во големото финале ќе се соочат Гостилница кај Џек и Алфакан Лидер ЕЛС.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!