Турнири

„Влатко Петров 2022“: Алфакан Лидер ги искина мрежите на противниците, голема победа однесе и профи Арт Дизајн

Продолжува голеадата на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“, откако синоќа паднаа многу погодоци на трите натпревари.

Ел Пасо загуби од Алфакан Лидер Свети Николе со 4:6. За Ел Пасо двоен стрелец беше Даниел Јовевски, а по еден гол постигнаа Горан Ѓоргиев и Љубиша Николов. За екипата од Свети Николе двојни стрелци беа Александар Михаилов и Антонио Петровски, а по еден гол постигнаа Дејан Стефановски и Игор Леовски.

Во вториот меч одигран синоќа Застава Компани и Алфакан Лидер од Свети Николе ремизираа играјќи 3:3.

Текстот го овозможи Revolution Development – софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

За Застана Компани стрелаа Мартин Србиновски, Славче Митев и Марјан Ангелов, додека пак за екипата ос Свети НИколе стрелаа Дејан Стефановски, Александар Михаилов и Антонио Петровски.

Драгоеви ДООЕЛ загуби со убедливи 1:3 од Профи Арт Дизајн. За Драгоеви стрелаше Иван Стојчевски, додека пак за Профи двоен стрелец беше Виктор Стојковски и Александар Трпковски.

  • Денес на распоредот се три натпревари:

19:00 Алфакан Лидер Св.Николе – СВР Штип
19:50 Застава Компани – Ел Пасо
20:40 Фаланга Штип – Колегите на Влатко

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!