Турнири

„Влатко Петров 2022“: Адрија Комерц со висок триумф над СВР Штип, Алфачан ЕЛС го збриша КПД Штип

Синоќа беа одиграни останатите два натпревари од 1/4 финалето од Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“, кој се игра во штипска Чардаклија.

Текстот го овозможи Revolution Development – софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Во првиот меч екипата на Адрија Комерц го доби СВР Штип со 2:4 на крилата на искусните Диме Тородовски и Стојанеч Костадиновски, додека пак за СВР Штип погодоците ги постигнаа Васе Петров и Антонио Стојчевски.

Во вториот меч Алфачан ЕЛС со 3:8 го збриша составот на КПД Штип кој немаше сили да му парира на одличниот противник.

За КПД Штип стрелаа Никола Миленкоски и Станиша Марковски, додека пак за Алфачан ЕЛС хет-трик постигна Дејан Стефановски, а пак двојни стрелци беа Александар Михајлов и Игор Леовски, додека пак еден гол беше дело на Иван Крстевски.

Синоќа, исто така, беше одигран и ревијален натпревар помеѓу Ветераните на АРМ и СВР.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!