ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Влатко Костов си замина од Кавадарци, не е повеќе тренер на Тиквеш

Влатко Костов повеќе не е тренер на Тиквеш, искусниот стратег си заминува од Кавадарци по точно една година, откако седна на тренерското столче на кавадаречкиот прволигаш.
Костов после поразот на Тиквеш во Кратово од Силекс (3:2) поднел оставка и истата била прифатена, а денес не бил ниту на тренингот на екипата пред утрешниот натпревар против Шкупи. Костов минатата сезона успеа да го спаси Тиквеш од испаѓање во Втора лига, откако во баражот убедливо триумфираше над Воска Спорт и го задржа прволигашкиот фудбал во Кавадарци.
ВАШАТА РЕКЛАМА ОВДЕ ПО ПРОМО НИСКИ ЦЕНИ – 074 241 247
Ѓоко Мојсов ќе го води Тиквеш утре против шампионот Шкупи, во одложениот меч од 1. коло.
Во следниот период ќе биде назначен наследникот на Костов.