Европски ФудбалФудбал

Влаховиќ го воодушеви и Гвардиола, Сити го сака во јануари

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е толку ентузијаст за квалитетите и потенцијалот на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ (21), што сака да го доведе во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми.

Манчестер Сити со месеци е во потрага по централен напаѓач. Тој се обиде да го донесе Хари Кејн летото, но Тотенхем одби да го продаде.

Сега на врвот на неговите желби е српскиот голгетер, кој во Фиорентина дојде летото 2018 година од Партизан за два милиони евра.

Тој се разви во најдобар стрелец. Минатата сезона Влаховиќ постигна 21 гол, а годинава на 16 настапи веќе постигна 14 гола.

Неговиот договор истекува во јуни 2023 година и Фиорентина му понуди продолжување, но тој одби.

Доколку трансферот биде реализиран во зимскиот преоден рок, италијанските медиуми наведуваат дека Фиорентина би барала отштета од најмалку 50 милиони евра, додека некои проценуваат дека таа би можела да биде меѓу 70 и 80 милиони.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!