ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Влахо: „Пандевци“ се благи фаворити, но Работнички сака да освои бодови во Струмица

Работнички в сабота (14 часот) го отвора пролетниот дел од сезоната во Првата фудбалска лига со гостување кај Академија Пандев во Струмица. Подготовките се зад Александар Влахо и неговите фудбалери и тој е задоволен од подготвеноста на тимот. Целите се зацртани, Работнички сака што е можно побрзо да го обезбеди опстанокот во елитата, но и ќе ја искористи секоја шанса за висок пласман,а воедно и гради тим за идни големи дострели.

„Задоволен сум од реализираното во текот на зимските подготовки и мислам дека тимот е подготвен за пролетниот дел од сезоната. Морам да истакнам дека претседателот Драган Поповски и спортскиот директор Горан Станковски завршија одлична работа во зимскиот преоден рок, Работнички доби квалитетни засилувања на адекватни позиции и тимот е комплетиран според нашите замисли. Во Охрид имавме одлични услови за подготовки, одигравме неколку пријателски натпревари, можеби резултатски можевме да минеме и подобро, но фокусот беше ставен добро да се подготвиме. Сега почнува битката за бодови и се надевам дека успешно ќе ја отвориме пролетната полусезона“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Работнички ќе ги одмери силите со тимот на Академија Пандев. Ќе биде тоа пролетна премиера во Првата лига.

„Академија Пандев го реаорганизираше тимот, има и нов тренер и сигурно ќе сака да ги освои бодовите со оглед дека се наоѓа во опасната зона. Но, и Работнички сака успешен старт на сезоната и ќе се труди тоа да го покаже на теренот. Домаќинот е благ фаворит, со оглед дека игра на сопствениот стадион, но Работнички сака да освои бодови во Струмица. Ќе ни недостасуваат Марјан Ристовски, поради жолти картони, и Марио Станковски, поради повреда, но имаме доволен фонд на фудбалери кои можат да одговорат на предизвикот. Верувам во добра игра на тимот, фер-плеј од двете екипи и фер судење. Посакувам на убав начин да ја отвориме пролетната полусезона“, порачува Александар Влахо.

Мечот меѓу Академија Пандев и Работнички е закажан за в сабота, со почеток во 14 часот.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!