ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Влахо: Играчки бевме одлични, резултатски – посакувавме победа

Работнички одигра 2-2 во градската пресметка против Македонија ЃП во 28. коло од Првата фудбалска лига. По ова реми, „романтичарите“ останаа на петтата позиција на табелата со 41 бод. Тренерот Александар Влахо истакнува дека исклучувањето на Максимов имаше големо влијание на победничките аспирации на Работнички на овој меч.

„Ова беше еден од најдобрите натпревари во последниот период во Првата лига, отворен фудбал, исполнет со шанси и голови, посебно во првото полувреме. Задоволен сум од играта на тимот, истрчавме многу, фудбалерите покажаа желба, храброст, дрскост и карактер да се вратат во игра иако двапати бевме во негатива. Дури и по исклучувањето на Максимов не се откажаа, имавме две шанси преку Марио Станковски и Никола Прелчец да постигнеме победнички гол. Резултатски, секако дека посакувавме победа, ни беа потребни три бода за да наметнеме како сериозен кандидат за третото место. Сепак, неискусно заработениот црвен картон на Методи Максимов не спречи да прикажеме и повеќе во завршниот дел од мечот. Во секој случај, Работнички покажа квалитет, покажа дека овој тим има голем потенцијал, браќата Лука и Марио Станковски покажаа дека се светла иднина на нашиот фудбал, а тимот дека никогаш не се предава. Ќе се бориме за секој бод и за секоја победа до крајот и истовремено ќе го селектираме најдоброто за тоа како треба да изгледа Работнички следната сезона“, изјави шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Работнички во следното коло му гостува на тимот на Шкупи.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!