РакометРакомет - Суперлига

Владимир Јевтиќ најново засилување за Бутел

Откако беше ангажиран десниот бек Душан Трифковиќ, суперлигашот Бутел денес ги засили своите редови со српскиот интернационалец Владимир Јевтиќ. Тој настапува на пивотменската позиција и има 26 години и потпиша договор до крајот на сезоната.

„Мојот клуб во Романија беше практично пред распад, а во меѓувреме добив понуда од Бутел Скопје. Овој клуб го следам од неодамна и ми се допаѓа како се развива, па решив да ја прифатам понудата, иако имав и други опции. Слушнав само убави зборови, а покрај тоа ми се допаднаа и амбициите на клубот, кои се исти со моите. Среќен сум што ќе имам можност да играм плеј-оф во Македонија, кој според мене ќе биде најсилен во цела екс Југолсавија. Ветувам дека ќе дадам се од себе и се надевам само на најубави работи“, вели Јевтиќ.

Јевтиќ доаѓа од романскиот тим Решица, а претходно долги години беше член на некогашниот европски првак Металопластика Шабац. Настапуваше и за Железничар Ниш, пред да замине во Романија, каде одига само половина сезона. Потекнува од Металац Ваљево, а во Србија го носеше дресот и на Пролетер Зрењанин

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!