ФудбалФудбал - Македонска репрезентација
Владата со одлука за формирање на Координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на ЕП

На вчерашната 68-ма седница Владата донесе одлука за формирање Координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство.
„Координативното тело има за цел да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија на ова европско натпреварување“, информираат од Владата.
Македонија за прв пат избори пласман на ЕП и ќе игра во групата „Ц“ со селекциите на Холандија, Украина и Австрија. Европското првенство ќе се игра во период од 11. јуни до 11. јули годинава, а ќе учествуваат 24 репрезентации.