ОстанатоФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Владата се премисли: Младинските лиги може да ја започнат новата сезона!

Конечно позитивни вести кога станува збор за новата сезона во младинските лиги во сите спортови во Македонија, откако Владата конечно се премисли.

Денес на владина седница беше донесена одлука за укинување на задолжителното тестирање на спортистите пред секој натпревар или поседување на сертификат за вакцинација.

„На оваа седница е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести да се прифати барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортски во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12 годишна возраст натаму“, се вели во владиното соопштение.

Младинските лиги треба да започнат 23/24 октомври (следниот викенд).

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!