Европски ФудбалФудбал

Витор Переира се врати на клупата на Фенербахче

Португалецот Витор Переира се врати во Фенербахче по пет години и повторно ќе го предводи Истанбулскиот великан.

Првиот мандат на 52-годишникот не заврши славно. Тој доби отказ по само една сезона, потоа го тужеше клубот во Арбитражниот суд за спорт, но во меѓувреме имаше промени во управата на Фенер, па немаше пречки за негово враќање.

„Отсекогаш сум ја чувствувал страста и амбицијата на Фенербахче. Сепак, требаше повеќе време да се создаде стабилна структура и да се постигне посакуваниот успех. За жал, го немав онолку колку што сакав. Фенербахче остана незавршена приказна. Освојував трофеи во скоро секој клуб што го водев во мојата кариера, но не можев со Фенербахче. Сега е време да ја крунисаме недовршената приказна. На тој начин, таа ќе добие среќен крај “, рече Перерира.

Во својата тренерска кариера Переира има осум трофеи од кои четири се шампионски, со Шангај СИПГ, со Олимпијакос и два со португалски Порто.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!