Турнири

Високи парични награди на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ во Чардаклија, Штип

Започна пријавувањето на екипи за Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“, кој се игра во село Чардаклија, Штип.

Турнирот е во чест на Влатко Петров, кој херојски загина во 2001 година, традиционално 22 година по ред во организација на „Здружение на граѓани Влатко Петров – Штип“ и УЗ Чардаклија ќе се организира Меморијален турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“.

Пријавувањето на екипи ќе трае до 12. јули 2022 година, а котизацијата по екипа за учество изнесува 3.000 денари.

  • Контакт за пријавување на екипи:

Горан 078 / 206 – 173
Даниел 078 / 355 – 978
Васе 076 / 444 – 038

Натпреварите ќе се одигруваат на спортскиот терен во Чардаклија, родното место на Влатко, во подобрени услови за игра!

Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен

  • Високи парични награди за првите четири екипи:

I место 100 000 денари
II место 50 000 денари
III место 25 000 денари
IV место 5000 денари

Дополнително пехари, дресови и останати индивидуални награди.

Натпреварите ќе се играат во формат 4+1 во вечерни термини почнувајќи од 19:00 часот со првиот меч. Додека пак финалето кое е закажано за 2. август ќе се игра во раните утрински часови. Во 08:30 часот ќе започне натпреварот за третото место, додека пак од 09:20 часот ќе започне големото финале.

Главен покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ во Чардаклија, Штип е „Superior Dispatch Service“, Рекламно студио „Нина Ком“ и Општина Штип.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!