Европски ФудбалФудбал

Висар Муслиу потпиша за Инголштад

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу е нов фудбалер на германскиот второлигаш Инголштад. Дефанзивецот се одлучи да ја напушти Унгарија и кариерата да ја продолжи на германско тло.

>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<

„Среќен сум што потпишав за Инголштад. Чувството е посебно кога играш фудбал во Германија. Првите впечатоци тука се позитивни. Можам да ветам дека ќе го даде максимумот од себе за да му помогнам на клубот да ги оствариме зацртаните цели“, рече Муслиу по промоцијата.

Муслиу во Инголштад пристигна од редовите на МОЛ Фехервар, а во својата кариера има настапувано за Шкендија, Ренова и Вардар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!