ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА

„Винари“ ќе го окупираат Маџари: Вардар Неготино добива огромна поддршка од трибините против Караорман

Вардар Неготино во баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига ќе се соочи со Караорман од Струга. Навивачите веќе се мобилизираат и организираат за окупација на Скопје каде ќе се одиграат двата бараж натпревари.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Неготинци против стружани ќе играат на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, во среда со почеток од 17:00 часот.

Како што дознава Спортска Мрежа над 1000 „винари“ со организиран превоз ќе пристигнат во Маџари, а дополнително навивачи на Вардар со голем број на автомобили ќе се упатат кон Скопје со што се најавува пеколна атмосфера. Навивачката група „винари“ максимално е организирана и подготвена за големиот меч, па сосема сигурно е дека во Маџари ќе има повеќе од пеколна атмосфера, а за Вардар тоа ќе биде ветер во грб против противникот од Струга.

Текстот го овозможи Revolution Development

Неготинци кон Скопје ќе тргаат во 13:00 часот од Стара Чаршија.

Вардар последен пат настапуваше во Втора лига – Исток во сезона 2018/2019 кога како претпоследен експресно отпадна во Трета лига – Југ.

Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!