ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вилдан Салиу е нов тренер на Арсими

Второлигашот Арсими најде замена за Бујар Ислами, кој пред два дена се раздели со клубот. На местото на поранешниот тренер на Ренова, доаѓа Вилдан Салиу, кој беше помошник на Ислами.

„По консултации и анализи, актуелниот асистент и тренер на нашиот тим во најуспешниот период на клубот, Вилдан Салиу, на барање на управата на клубот, ја прифати оваа голема одговорност. Останува да му посакаме на новиот шеф на стручниот штаб голем успех и да му дадеме време и доверба“, велат од клубот.

По девет одиграни натпревари, Арсими има 10 освоени бодови и се наоѓа на десетото место. Новајлијата во второлигашкото друштво има скор од три победи, едно реми и пет порази.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!