ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Виктор Крстевски ја продолжи соработката со Гостивар

Второлигашот Гостивар продолжи со продолжување на соработката со играчите од актуелниот ростор, но и ангажира нови засилувања.

Денес, Гостивар информираше дека е продолжена соработката со Виктор Крстевски. 20-годишниот централен бек стави потпис на нов договор со клубот кој има за цел атак на местата кој водат во ПМФЛ.

Крстевски е репрезентативец на Македонија до 21 година, а во Гостивар пристигна од редовите на Пелистер, додека пак во својата кариера го носеше и дресот на Вардар.

Како што кажавме Гостивар ја продолжува соработката со играчите од актуелниот ростер, а до сега претстави три квалитетни засилувања, Стојан Стојчевски, Емран Рамадани и Бурхан Мустафа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!