ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Виктор Ангелов се врати во нападот на Академија Пандев

Откако пред две месеци си замина од Академија Пандев, некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Виктор Ангелов се врати повторно во редовите на струмичкиот прволигаш.

Ангелов го засили нападот на „пандевци“, по враќањето на Александар Васоски на тренерското столче.

Во својата кариера, Ангелов има настапувано за Волунтари од Романија, Ујпешт, Широки Брег, Шкупи, Работнички, Металург и Тетекс.

Тој со „пандевци“ се обврза на едногодишен договор.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!